АГЕЛЕР ГОВОРЕШЕ НА МАКЕДОНСКИ : КОРИДОР 8 ПЕ ПОВЕЌЕ ОД ОБИЧНА ИНВЕСТИЦИЈА

0
486

Ова е инвестиција во иднината на Северна Македонија и на сите земји поврзани со Коридорот 8 и пошироко, рече американската амбасадорка Анџела Агелер денеска на свечената церемонија на поставување камен-темелник на проектот Коридор 8. Агелер се обрати на македонски јазик и рече дека ова е посебен ден за Северна Македонија.

.-Подобрувањето на патиштата во Северна Македонија е од исклучително значење за економскиот развој. Развојот на оваа модерна патна мрежа ќе помогне да се движат луѓето, да се движат стоките и да се привлечат инвестиции. Добрите транспортни рути како Коридор 8 ќе и помогнат на Македонија да ја подобри својата регионална интеграција и да изгради подобри односи со своите соседи, рече Агелер.

Таа нагласи дека ова е повеќе од една обична инвестиција во патиштата во Северна Македонија, потенцирајќи дека станува збор за инвестиција во иднината на земјава, но и на сите држави поврзани со Коридорот 8 и пошироко.Агелер изрази благодарност до Владата, до претставници на „Бехтел и Енка“ и на целите тимови за нивните напори за отпочнување на овој проект.Американската амбасадорка изрази уверување дека работите ќе се движат брзо и успешно при изградбата на оваа, како што рече, современа патна мрежа, која ќе доведе до зближување на луѓето од регионот.