СЈО бара притвор за „десната рака“ на Мијалков, Горан Грујевски во случајот „Трезор“

0
1150

Предлогот за притвор за едно лице од осомничените во „Трезор“ што СЈО го достави до Судот е за Горан Груејвски кој беше директор на Петтата управа на УБК, дознава Фокус.

Ова не е првпат да биде побаран притвор за Грујевски кој се појавува во неколку случаи на Специјалното јавно обвинителство. За случајот „Тврдина“, му беше определена мерка притвор, но откако одлежа некој дена во Шутка, Судот му ја уважи жалбата и го укина притворот.

Тој е и еден од обвинетите во првото обвинение кое го поднесе СЈО, а се однесува на уништување на документација за уништувањето на опремата за прислушување во УБК.