ДАРИО НИКОЛОВСКИ: ГАЗИ БАБА НАДВОР ОД СИТЕ ЗАКОНИ ИМЕНУВА ЧЛЕНОВИ НА УПРАВЕН ОДБОР

0
1596

Советот на општина Гази Баба, чиешто мнозинство е од владејачката партија, ВМРО – ДПМНЕ, на седницата одржана во петокот, на ден 28.11.2015 година, надвор од сите законски одредби, изгласа повторно да се изберат сегашните членови на Управниот одбор на ЈКД Гази Баба 2007, чии мандати се веќе истечени.

Оваа одлука ја следат низа недоследности при спроведувањето и извршувањето на законските прописи што се однесуваат на работата на јавните претпријатија, обвинуа координаторот на советничката група на СДСМ, Дарио Николовски. Најпрво, Огласот за пројавување на интерес е објавен во Нова Мекдонија на 28.10.2015 година, потпишан од Директорот на претпријатието, којшто одговара пред Управниот одбор, односно органот којшто треба да се избере.

Оттука, дали Комисијата за мандатни прашања, Претседателот на Советот или Градоначалникот на Гази Баба коишто треба да ја спроведат оваа постапка го имаат овластено Директорот за распишување на јавниот повик?

Дополнително, во објавата од огласот наведени се потребни критериуми за членови на управни одбори, коишто согласно Законот за јавните претпријатија имаат одложена примена од петти март 2016 година. Конечно, објавата на огласот е во само еден дневен весник – Нова Македонија, коешто е и записнички констатирано на седницата од петокот, а истиот требало да биде согласно законски пропишаните услови и критериуми за членови на органи на јавните претпријатија, во уште еден дневен весник на албански јазик.

Советот на општина Гази Баба за сите овие околности наместо да расправа на седница на Советот, на којашто ќе се констатира потребата од распишување на јавниот повик, да се констатира каде ќе биде објавен и да се констатира дека комисија за мандатни прашања е надлежна за пријавите на заинтересирани кандидати, согласно Статутот на Општина Гази Баба, а воедно да констатира и дека мандатот на сегашните членови на Управниот одбор на ЈКД Гази Баба 2007 им се продолжува се до избор на нови членови, владејачкото мнозинство спротивно на сите законски процедурални одредби носи противзаконска одлука за повторен избор на сегашните членови на одборот.