СРЕДБА МИЦКОСКИ – СТИРК : ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС ТРЕБА ДА ПОМИНЕ ВО ФЕР И ДЕМОКРАТСКА АТМОСФЕРА

0
122

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски денеска се сретнаа со Џилиан Стирк, шефица на мисијата за набљудување  на претстојните избори на ОБСЕ, Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР) и претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

Претседателот Мицкоски изрази очекување дека изборниот процес ќе помине во фер и демократски атмосфера.

Претседателот Мицкоски ги информираше претставниците на ОБСЕ/ОДИХР дека постои сомнеж оти постои потенцијална можност за злоупотреби во тек на изборниот процес од страна на СДСМ и ДУИ.

Мицкоски на средбата со претставниците на ОБСЕ/ОДИХР ја истакна потребата од одржување на изборите, претседателски и парламентарни во мирна атмосфера.