ВРАБОТЕНИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА СО ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА ПОБАРАА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ

0
373

Средба со надлежните од Министерството за финансии и денеска побараа вработените од Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм, на третиот ден од протестот што го одржаа пред Владата. Тие уште еднаш го искажаа незадоволството од своите месечни примања.Од протестот беше испратен апел министерот за финансии да го одобри Колективниот договор за вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм, со кој сите вработени по принципот на Министерството за финансии, ќе добијат зголемена плата во износ од 30 проценти.

– Три дена молк, во кои ги добивме и најновите информации од Собранието, кои говорат дека на вработените во оваа институција, со измени и дополнувања на Законот за Собранието на Северна Македонија, од 23 март оваа година, објавен во Службен весник на РСМ бр 65/2023 година, им се зголемува платата, односно се зголемуваат бодовите по звања и вредноста на самиот бод кој се врзува со минималната плата. Очигледно е дека постои нерамноправност меѓу вработените во јавниот сектор. Едни се во привилегирана состојба, а останатите треба да молчат и да се помират со фактот дека своите работни обврски и задолженија треба квалитетно и навремено да ги извршуваат за плата од 25 илјади денари, изјави денеска претседателот на Синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски, напоменувајќи дека нема да се откажат од протестот се до исполнувањето на барањата.

На денешниот протест учестуваа и претставници на Синдикатот на културни работници (СКРМ), кои изразија поддршка, а како што најави Костовски, наскоро очекуваат да им се придружат и нивни колеги од другите министерства.l