ИАКО ДОЛГИ ГОДИНИ ГО ЛАЖАТ ЧЛЕНСТВОТО ВО ПРЕТХОДНАТА КОАЛИЦИЈА СО ВМРО-ДПМНЕ СЕГА ПОВТОРНО НОВА МАЈМУНАРИЈА НА ДУИ : СПОРЕД АХМЕТИ ДУИ НЕМА ДА КОАЛИЦИРА СО НИЕДНА ПАРТИЈА КОЈА ГО САБОТИРА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР А ОД ДРУГА СТРАНА ПОД МАСА ЗАЕДНО СО ВМРО-ДПМНЕ ГО КОЧАТ ОДРЖУВАЊЕТО НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ?!

0
838

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за косовска телевизија порача дека секој што е против Преспанскиот договор и против Договорот за добрососедство со Бугарија, не може да смета на партнерство со ДУИ во идната Влада.

ДУИ во изминатиот период се долги години во коалиција со поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ па така истите глупости се читаат и слушаат веќе дванаесет години по медиумите и на политичката сцена за тоа како не коалицирале со партија која е против НАТО и ЕУ ама долги години се во коалиција со идеологот на харангата во земјава против членство во ЕУ и НАТО, ВМРО-ДПМНЕ.

Според последните истражувања на терен кај албанците ДУИ и Ахмети ги губат тлото под нозете па сега ќе мора да се измислуваат некакви националистички реторики и повици за обединување во албанскиот табор за лагата на Ахмети околу избор на премиер албанец па сега и ова, нема коалиција со партија која се противи на членство во ЕУ и НАТО.

Долги години го прават истото заедно со ВМРО-ДПМНЕ, прават сцени за етнички судири, тепачки, колежи и што ли уште не, потоа со помош на спикерот на собранието Талат Џафери го одолговлекуваат процесот за одржување на предвремените парламентарни избори, па на крај по ресорите прават ужасни фотошопови и тешки будалаштини, се однесуваат како Миленко да им е главен шеф на пиарот.

Инаку интересно е што Ахмети дава изјава за косовска телевизија, што сака да испрати како порака со тоа?! Дека ДУИ доколку не биде власт дека ќе ја напушти политиката и ќе почнат да пукаат со шмајзери во планините низ Македонија?! Уште ли мислат дека на тој фол ќе ловат гласови кај албанците со приказните за униформите од УЧК?! Ако е така, тогаш се полуди и од Јанко Бачев.