КОВАЧЕВСКИ : ТРИ ПАТИ ЈА ЗГОЛЕМИВМЕ ПОМОШТА ЗА СТАРИ И ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

0
380
  • Покрај правата од социјална заштита, ги зајакнуваме социјалните услуги за граѓаните на кои помошта им е неопходна. Во Буџетот за 2023 година, издвоивме три пати повеќе средства за услугите: помош и нега во домот, лична асистенција, живеење со поддршка, згрижување, лица со попреченост, стари лица, бездомни лица. И во 2023 година, не запираме во инвестиции во детската заштита. Предучилишните установи се клучот за социјализација на децата, исто така со вложувањето во нови градинки отвораме нови работни места што значи и економски развој на општината или населеното место.

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната владина прес конференција.