ОД ПОЧИНАТ ДОНОР УТРОВО НА КЛИНИКАТА ЗА УРОЛОГИЈА ЗАПОЧНА ДВЕ ТРАНСПЛАТАЦИИ НА БУБРЕЗИ

0
966

На Клиниката за Урологија утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор, по направената експлантација на органите која заврши во доцните ноќните часови. 🙏

Благодарение на хуманоста на семејството на донорот двајца пациенти на дијализа добија шанса за нов живот. Неизмерна благодарност до ова храбро семејство кое уште еднаш ни покажа дека е возможно живот да се подари.

Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче.