КОВАЧЕВСКИ : СЕКОЈА ГОДИНА ПЕНЗИИТЕ ЌЕ СЕ ПОКАЧУВААТ ЗА 16 ПРОЦЕНТИ

0
520
  • На почетокот од мојот мандат, ветив дека како Влада ќе заложивме да обезбедиме достоинствена старост за нашите пензионери. Тоа и го направивме. Јас се залагам за креирање на системски решенија кои даваат резултати на долг рок. Тоа беше и појдовната точка кога ја правевме и новата методологија за усогласување на пензиите, со што обезбедивме континуиран раст на пензиите, кој што нема да зависи од ничија политичка волја или одлука.
    Така продолжуваме и во 2023 година, пензиите ќе бидат повторно зголемени во март 2023 година. Со новата методологија, што ја донесовме, пензиите се усогласуваат два пати во годината, септември и март и тоа 50% со трошоците за живот и 50% со просечната плата. Пензиите ќе бидат зголемени вкупно 16 % за време на една календарска година за сите 330.000 пензионери.

    Премиерот Димитар Ковачевски на денешната владина прес конференција.