КОВАЧЕВСКИ : ПРОГНОЗИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ СЕКОГАШ ПОГРЕШНИ

0
251
Ако едно видов во овие 2 години и 2 месеци како сум претседател на СДСМ и претседател на Владата 2 години и скоро 1 месец, научив дека прогнозите кои ги дава претседателот на ВМРО – ДПМНЕ се секогаш погрешни, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во вечершаното интервју во Тема на денот на телезија Сител.
„На пример од почетокот на енергетската криза, најголема по 2 Светска војна неговата партија предвидуваше 40% зголемување на електрична енергија. Тоа не се случи. Потоа предвидуваа дека нема да има електрична енергија. Тоа не се случи. Потоа предвидуваа дека нема да има парно греење во Скопје. Не се случи ниту тоа, парно греење имаше“, посочи Ковачевски.
Во интервјуото Ковачевски потсети дека ВМРО ДПМНЕ предвидуваа дека Северна Македонија нема да отпочне преговори со Европската Унија, но по 17 години чекање државата ги отпочна преговорите со ЕУ.
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервјуото потенцираше дека СДСМ води прогресивни политики кои доведоа до зголемување на платите, инвестициите и економскиот потенцијал на државата.