ТАРАВАРИ : РАДО БИ СЕ ВИДЕЛ СО СЕЛА, НЕ СМЕ ИМАЛЕ НЕКОЕ ГОЛЕМО НЕДОРАЗБИРАЊЕ ПО ИЗБОРИТЕ

0
244

Запрашан за иднината на партијата, Таравари рече дека ќе се чека одлуката на надлежниот суд и дека без разлика каква таа ќе биде, тоа ќе биде испочитувано.

„Имаше една фракција која многу се доближи до ДУИ и тоа е неспорно. Аргументите кон судот се дадени и од наша и од нивна страна, па судот нека одлучи, ние таа одлука ќе ја прифатиме. Кога почна целата оваа работа, јас инсистирав кај одредени членови на Централното претседателство, 17 се од наша страна, 11 се од друга страна и во Централното собрание имаме повеќе од 50% и инсистирав да им го дадеме печатот и да не продолжуваме со овие драми кои се случуваа претходно и во БЕСА со Алтернатива, но огромниот дел од ЦП и ЦС инсистираа дека партијата е на членовите и затоа ќе ја чекаме одлуката на Судот“ појасни Таравари.