САКАТЕ МЕВЦЕ ОД ТУНА ЗА ДА БИДЕТЕ ЗДРАВИ КАКО КАРПА?! Пробајте ја највкусната и една од најздравите риби, но еве во кои количини и како да се јаде!

0
1478

Кога зборуваме за јадењето риба, на многумина прво што им паѓа на памет е вкусната туна. Туната, заедно со лососот и уште неколку видови морски риби се најконсумираните видови риба ширум светот.

Таа припаѓа на поголемо семејство риби, составено од најмалку 15 типови, а постојат и повеќе различни видови туна. На нашите пазари најазспатена е конзервираната туна, која може да се употребува во правењето на различни рецепти (салати), но да биде и главен оброк.

Пробајте го нашиот предолг-рецепт: Медитеранската туна салата.

Составот на оваа риба ја прави особено здрава за нашиот организам, но во научниот свет постојат дебати околу една невротоксична компонента која често се утврдува, особено во свежата туна.
Во продолжение, кои се корисните ефекти од јадењето туна, колку пати неделно е безбедно да се јаде и кои се можните опасности од нејзиното прекумерно консумирање.

Нутритивен состав


Хранливиот профил на туната може малку да варира во зависност од видот и начинот на кој е подготвувана. На пример, конзервираната туна има значително повеќе масти (заради тоа што е потопена во растително масло), но и натриум (поради солта) од свежата туна. Бидејќи туна конзервата е најзастапена кај нас, да го видиме нејзиниот нутритивен состав (100g, во маслиново масло):

• 160 калории
• 0g јаглехидрати – одлична храна за дијабетичари
• 23,5g протеини – значителен дел од дневните потреби за протеини и есенцијални аминокиселини
• 7g масти
• над 100% од Дневните Потреби за витамин Б12
• 60% од ДП за 
витамин Б3
• 30% од ДП за 
витамин Б6
• 10% од ДП за 
витамин Д
• над 100% од ДП за
 селен
• 10% од ДП за
 железо
 1,6g омега 3 масни киселини – 100% од дневно препорачаните потреби

Дополнително, туната содржи и помали количества витамин Б1, витамин Е, пантотенска киселина (витамин Б9), цинккалиум, фосфор и бакар.

Имајќи го предвид ваквиот импресивен состав, односно уникатен состав на микронутриенти кои често недостасуваат кај големи групи на луѓе, можеме лесно да претпоставиме колку корисни дејства може да има туната за нашето здравје.

Одличен протеински извор

Протеините се есенцијални макронутриенти кои се значајни од многу здравствени аспекти. Тие имаат функционална, но и структурна улога за мускулите, кожата, косата, ноктите и сите клетки. Клучни се за синтезата на разни ензими, хормони итн. Недоволното внесување на протеини во телото може да води кон намален имунитет, намалени енергетски нивоа, зголемен апетит, споро заздравување на раните и многу други негативни ефекти.

Процентот на протеини (и есенцијални аминокиселини од кои се изградени тие) во туната е импресивен. Само еден оброк со туна може да задоволи повеќе од половина од потребите за протеини во денот.

Поуспешно слабеење

Туната (особено ако маслото се користи минимално, односно се исцеди) има доста ниска калориска вредност, а дополнително огромниот дел од неа доаѓа токму од протеините кои немаат депо во организмот. Тоа значи дека тие не можат да се таложат.

Истражувањата покажуваат дека високо-протеинската храна го супресира хормонот на глад (грелинот) и промовира подолготрајна заситеност.

Антиоксидативен ефект и подобро кардиоваскуларно здравје


Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања, како дијабет, кардиоваскуларни, малигни заболувања итн.

Туната е особено добар извор на антиоксидативниот минерал селен. Овој минерал има специфична хемиска форма во туната, наречена селенонин. Овој моќен антиоксидативен елемент ѝ овозможува детоксификација на рибата од живата, елемент кој ѝ создава големи проблеми, а подоцона во трагови може да се најде и во нејзиното месо.

Ваквото дејство покажува колку потентен антиоксидант е селенонинот, имајќи во предвид каков невротоксин е тешкиот метал жива.

Многу повеќе околу селенот, прочитајте тука.

Дополнително, туната содржи големи количества масни киселини наречени омега 3 кои се можеби најмоќните природни антиоксиданти.

Ваквиот состав на туната (омега 3 масни киселини, но и минерали, како калиумот) промовира и подобро кардиоваскуларно здравје. Тоа се остварува преку потенцијалот за намалување на високиот притисок и подобрениот липиден профил (холестерол и маснотии во крвта) – параметри за срцевото здравје од огромно значење.

Многу повеќе околу омега 3 масните киселини, прочитајте во една од нашите претходни статии: Кои се омега 3, а кои омега 6 масни киселини?

Оптимална тироидна функција

Тироидната жлезда е многу мала жлезда со облик на пеперутка, позиционирана во долниот дел на вратот. Таа е одговорна за регулирање на метаболитичките процеси, а функцијата ја остварува преку лачење специфични тироидни хормони. Нејзината нарушена функција може да значи нагли промени во телесната тежина, телесната температура, хроничен замор, оштетена кожа, зголемен апетит, нарушен вид итн.

Многу повеќе околу проблемите со тироидната жлезда и кога е потребно нејзино тестирање, прочитајте тука. Исто така, ако ве интересира исхраната при нарушена тироидна функција, кликнете тука.

Селенот, минерал со кој е богата туната, игра клучна улога во работењето на оваа жлезда. Тироидната жлезда е орган со најголема концентрација на селен во грам ткиво, од сите останати ткива во телото. Внесувањето на соодветни количества од овој минерал го одржува здравјето, односно правилното функционирање на оваа жлезда.

Подобро здравје на мозокот


Комплексот од Б витамини со кој е богата рибата, не само што ќе овозможи подобро искористување на енергијата (повеќето Б витамини се клучни за катаболизмот – дел од метаболизмот преку кој се обезбедува енергија за телото), туку и подобро здравје на мозокот.

На пример, ниацинот или витамин Б3, истражувањата го поврзуваат со намален ризик од Алцхајмер. Дополнително, омега 3 масните киселини, со кој е богата туната, можат да ги подобрат когнитивните способности и да превенираат од депресија.

Други потенцијални корисни дејства од јадењето туна:

 намален ризик од анемии – одличен извор на железо
 одличен извор на витамин Б12 и витамин Д – витамини кои често недостасуваат кај луѓето
 подобро здравје на очите – поради антиоксидативниот ефект на омега 3 масните киселини
 помош при превенцијата од малигни заболувања
 подобро здравје на кожата и коските


Можни опасности од прекумерното консумирање

Живата е тежок метал кој се користи за најразлични индустриски цели. Неретко, таа завршува во животната средина, односно во истечните води и на крајот во морињата и океаните. Таму природните бактерии ја апсорбираат, па на тој начин влегува во ланецот на исхрана. Со бактериите се хранат планктоните, помалите риби со планктони, а туната ги јаде помалите риби. Организмите не се во можност целосоно да го ,,неутрализираат” овој тежок метал, па тој се таложи во сите нивоа од ланецот на исхрана.

Поголемите риби (како туната) можат да имаат и поголеми концентрации на живата во своите ткива. И покрај ова, туната сепак се смета за безбедна храна ако се јаде во одредени умерени количества.

Кои се тие количества?


Живата нема вкус и мирис. Кога ќе се најде во нашиот организма, делува како невротоксин, односно делува негативно на мозокот и нервниот систем. Особено е штетна за децата и трудниците. Компликациите од труењето со овој тежок метал можат да бидат навистина многу лоши, а симптомите вклучуваат: губење на меморијата, тремори, губење на видот, неплодност итн.

Според релевантните институции, како FDA (Американската агенција за храна и лекови), кога станува збор за туната, конзервираната се смета за најдобар избор. Значи, свежата содржи поголеми концентрации на жива. Сепак, препораките се да не се јаде конзервирана туна повеќе од 2-3 пати неделно (оброци од по 100g). Ова важи за возрасните лица.

За децата и бремените жени се препорачува еден до два оброка максимум, на неделно ниво (оброци од по помалку од 50g за децата). Во овој случај, споменатите количини важат вкупно за сета консумирана риба, не само за туната.