КОВАЧЕВСКИ ЗА СИТЕЛ : ПОЛИТИКИТЕ НА СДСМ ЗНАЧАТ ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ, ИНВЕСТИЦИИ И ЕКОНОМСКИ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ДРЖАВАТА

0
269
Прогресивните политики на СДСМ доведоа до зголемување на платите, инвестициите и целокупниот економски потенцијал на државата, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во вечершаното интервју во Тема на денот на телезија Сител.

При тоа, Ковачевски потенцираше дека граѓните ги препознаваат политиките на СДСМ, кои даваат резултат, и ја движат земјата во вистинскиот правец. „СДСМ покажа дека со една прогресивна политика, политика базирана на евроинтеграции, на евроатлански интеграции, на зголемување на пензии, на зголемување на плати, тука пред се зборувам за Владата предводена од СДСМ, зголемување на инвестициите, на економскиот потенцијал на државата, е политика која граѓаните ја сакаат“, рече Ковачевски.

Во интервјуто, Ковачевски посочи дека за разлика од СДСМ која секое дадено ветување и го исполнува, ВМРО ДПМНЕ единствено шират лажни ветувања и паника. „ВМРО ДПМНЕ велеа дека минимална плата да биде 8.000 денари, минимална плата денес е 22.500денари. Ние кажавме дека ќе го исполнеме ветувањето за просечна плата 500 евра во државата, а денес просечната плата во државата е 40.000 денари, односно 650 евра“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски .