(ВИДЕО) Локвенец : Стратешките цели се реализираат, станавме 30 членка на НАТО и почнуваме преговори со ЕУ, ќе се избориме и со предизвиците од коронавирусот

0
890

Прес-конференција, Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.

Во овие тешки времиња, кога на глобално ниво се соочуваме со коронавирусот, успешните политики на СДСМ добија конкретна потврда и овозможија остварување на стратешките цели на државата.

Република Северна Македонија е 30 земја членка на НАТО. Република Северна Македонија започнува преговори за членство во ЕУ.

Ова е големо признание за сите заложби кои ги направивме како држава за релативно краток период, за само 2.5 години.

Добивме признание за истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите институции – Владата, Собранието, Судството да ги спроведат реформите поставени како наша цел уште во 2017 година.

 

Иднината на нашата држава е обезбедена. Гарантирана е нашата стабилност, безбедност, отворени се можностите за демократски развој, напредок, економски просперитет, нови работни места, инвестиции.

Државата, граѓаните, добија признание за храбрите и тешки политички одлуки кои ги донесе Владата и владејачкото мнозинство во Собранието предводени од СДСМ за решавање на долгогодишните спорови со нашите соседи Грција и Бугарија.

Без Договорот од Преспа и без Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија немаше да биде возможен овој денешен успех.

Ова е уште една потврда дека само заедно, сплотени, солидарни и поврзани можеме да дојдеме до заедничката цел.

Станавме членка на НАТО сојузот , добивме позитивна одлука за почеток на преговори со ЕУ. Сето тоа е мотивација за сите дека заедно можеме да ја победиме и коронакризата која не само нас како држава, го стави целиот свет под закана по здравјето на луѓето.

Република Северна Македонија продолжува храбро да чекори напред, кон напредок и просперитет за сите нејзини граѓани.

Пред нас е да се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот, а потоа продолжуваме уште позасилено со европската агенда.