ГОТВАЧИТЕ НА ГАСТРОМАК НА АЛАЧКИ И АСАН ДАУТОВИЌ ОД БИСЕР МОРА, ШКМЕР 2023 НА СУПЕТАР, БРАЧ СЕ ВРАТИЈА СО 2 ЗЛАТНИ МЕДАЛИ, 4 СРЕБРЕНИ И ЕДЕН БРОНЗЕН МЕДАЛ

0
1151

Во периодот од 27.03.2023 до 01.04.2023 година тимот на Гастромак предводен од претседателката Адријана Алачки, Асан Даутовиќ во својство на судија и заедно со своите членови Влатко Алексоски, Виктор Радевски-Етно село Тимчевски и учениците од СОУ „Наум Наумовски-Борче“-Крушево, учениците Зорица Смилеска, Ирина Цикуроска и Филип Јованоски под менторство на професорите Љупчо Крстевски и Оливера Карева Скола учествуваа на 18-от по ред Меѓународен натпревар „Бисер мора“ на островот Брач –Р.Хрватска и постигнаа одлични резултати во следните категории: Влатко Алексоски во категоријата ,, карвинг” го освои златниот медал на темата ,,My Thai”, Виктор Радевски од Комплексот Етно село Тимчевски освои два сребрени медали во категоријата ,, келнер” со послужување на вино, подготовка на тартар бифтек и филетирање на риба.

Учениците од СОУ Наум Наумовски Борче ги добија следните признанија: Категорија: Индивидуално натпреварување во подготовка на пилешко месо Ученик: Филип Јованоски-освоено ,златен медал и најдобро подготвено јадење Ученик: Зорица Смилеска-сребрен медал во подготовка на пилешко месо Ментор:Проф. Оливера Карева Скола Категорија: Послужување на риба и бело вино Ученик: Ирина Цикуроска-сребрен медал Категорија: Припрема на тартар бифтек и послужување црвено вино Ученик: Ирина Цикуроска-бронзен медал Ментор: Проф.М-р Љупчо Крстевски.

Огромна благодарност упатуваме и до Адријана Алачки-претседател на националната асоцијација на готвачи на Македонија „ГАСТРОМАК“, Асан Даутовиќ-генерален менаџер на ресторан Аликас и Love ресторант-Скопје, шеф на кујна Горан Филипов за бескрајната, несебична и максимална подршка во текот на подготовките.