ЈОВЧЕСКИ : НА ПОКАНА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВЕНИНГЕН-ШВЕНИНГЕН, ЈИРГЕН РОТ ВО ГЕРМАНИЈА СО НЕГО ОСТВАРИВ СРЕДБА СО НИТУ ЕДЕН ДЕНАР ПОТРОШЕН ОД ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ НА ПРИЛЕП

0
414

🤝 На покана на градоначалникот господин Јирген Рот, остварив работна посета на градот Вилинген-Швенинген, во Сојузна Република Германија.

Со особено задоволство ја прифатив поканата на господинот Рот да остварам службена посета на општината Вилинген-Швенинген од 17-19 октомври. За време на мојата посета остварив низа на работни состаноци и средби со градоначалникот, со претставници на општината и на бизнис секторот од градот.

👉 Беше разговарано на многу теми, меѓу кои една од најбитните во моментов, за енергетска ефикасност, Јавен градски превоз, за бизнис климата, а исто така разговаравме за можноста да привлечиме инвестиции во нашиот град Прилеп и во секој случај да ја продлабочиме соработката со општината Вилинген-Швенинген.
Ми беше чест да го поканам градоначалникот Јирген Рот во наредниот период да оствариме нова средба, овојпат во Прилеп и на тој начин да имаат можност одблиску да ги видат капацитетите и можностите во нашата општина.

🗣️ Сакам да напоменам дека за моето службено патување како градоначалник, не потрошив ниту еден денар финансии од Буџетот на Општината.

📌 На врвот на моите приоритети ќе остане подобрување на економската состојба во Прилеп и остварување на стратегијата за локален економски развој на градот.

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.