КОВАЧЕВСКИ : ПО ИЗБОРИТЕ, ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА И МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА, А ЌЕ ГИ ЗГОЛЕМИМЕ И ПЕНЗИИТЕ

0
228
Го испорачавме и го надминавме нашето ветување за просечна плата. Во новата програма за новиот мандат на СДСМ, нашето изборно ветување е просечна плата од 1.000 евра и минимална плата од 600 евра а ќе ги зголемиме и пензиите, порача вечерва од Струмица претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
-Просечната пензија денес е за 6.400 денари поголема во однос на 2016 година. Пензионерите заслужуваат вреднување на својот минат труди и да имаат подобар животен стандард.  Во новиот мандат пензиите ќе растат уште повеќе, рече Ковачевски
Претседателот Ковачевски потсети и на мерките и политиките на СДСМ со коишто се покачија платите и пензиите на историски највисоко ниво, но и успешно се заштити стандардот на граѓаните во време на глобална криза.
-Успеавме, со креирање на соодветни мерки, да го заштитиме стандардот на граѓаните, ликвидноста на компаниите и да ги заштитиме работните места.  Ги стабилизиравме и ги намаливме цените на производите, на горивата.  Инфлацијата веќе е 3%, со месеци е на ниво како пред кризата, што значи нашите мерки дадоа резултат. СДСМ покажа дека може да испорача резултат и дека ги исполнува своите ветувања, рече Ковачевски.
За само три години, СДСМ врати над 2,6 милијарди евра назад кај граѓаните со неколку антикризни пакет мерки, потенцираше Ковачевски додавајќи дека ВМРО ДПМНЕ немаше ниту една мерка за поврат на парите кај граѓаните.