КИСЕЛА ВОДА ЗА 4 ГОДИНИ СЕ РАЗВИ КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА, ЗАЕВ: ГО НУДИМЕ НАЈДОБРОТО ЗА КИСЕЛА ВОДА, ФИЛИП ТЕМЕЛКОВСКИ

0
960

“Убава иднина има државата, но и секоја општина и секое маало. За овие 4 години, Кисела Вода се разви како никогаш досега.

Напредуваме! Создаваме нови работни места, градиме и инфраструктура и нови паркови. Денес парите се трошат за потребите на граѓаните. И во Кисела Вода и насекаде низ државата, се работи посветено и со љубов за општините и за својот народ.

Го кренавме економскиот стандард. Расте просечната плата, расте минималната плата, вложуваме во инфраструктурата, реконструираме околу 60 градинки, голем број основни и средни училишта, 80, повеќе од 50 полициски станици, над 500 километри водоводи и канализации, над 1000 километри патишта.

И затоа ние сме најдобрите и го нудиме најдоброто. Кисела Вода ќе ја даде повторно довербата на сегашниот градоначалник и кандидат на СДСМ за нов мандат за градоначалник на Кисела Вода, Филип Темелковски, а низ државата најголемата поддршка ќе ја добие коалицијата #НајдобротоЗаМојатаОпштина.”

-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ