ГРЦИЈА НУДИ СЕКАКВА ПОДДРШКА ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
970

Зајакнувањето на билатералните економски односи со акцентот на енергетскиот сектор и европската перспектива на Западен Балкан, биле во фокусот на разговорите на заменик- министерот за надворешни работи на Грција надлежен за економска дипломатија Костас Франкојанис, со владини претставници од Северна Македонија, соопштуваат од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик шефот на грчката дипломатија вчера и завчера беше во дводневната работна посета на нашата земја и се сретна со заменик- министерката за надворешни работи Фатмире Исаки, со заменик-претседателот на Владата надлежен за европски прашања Бојан Маричиќ, со заменик-претседателот на Владата надлежен за економски прашања Фатмир Битиќи, со министрите за економија и финансии Крешник Бектеши и Фатмир Бесими, а беше примен и од премиерот Димитар Ковачевски.

За средбата со премиерот, од грчкото МНР соопштија дека Франкојанис му посакал успех во работата и „ја пренел поддршката на Грција за пристапните процес на Северна Македонија, а во исто време ја нагласил потребата за имплементација на Договорот од Преспа од страна на Северна Македонија“.

Истата порака, Франкојанис ја повторил и на средбите со Исаки и Маричиќ, паралелно изразувајќи ја „подготвеноста на грчката влада да понуди секаков вид поддршка на пристапните напори на Северна Македонија, како и техничко знаење за спроведување на потребните реформи.