(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈА НА ТРАФОСТАНИЦА НА МЕПСО ВО БУНАРЏИК МОЖНА ПРИЧИНА ЗА ТОА ШТО СКОПЈЕ ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА

0
561

Големиот пожар кој го зафати далекуводот во индустриската зона Бунарџик избувна попладнево по 17 часот, а следуваше по големата експлозија која ги уплаши локалните жители. Поради пожарот голем дел од Скопје остана без струја. Пожарот е локализиран по брзата реакција на противпожарната служба.

Испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица, беше причина за прекин на снабдувањето со електрична енергија во поголем дел од Скопје, делови од Велес и Овче Поле. Овие два фактори го условија испаѓањето од погон на двата 400/110 кV трансформатори, а со тоа и испадот на целата трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија.

Диспечерите на АД МЕПСО во најбрз може рок воспоставија напон во најголем дел од населените места и таму е нормализирано снабдувањeто со електрична енергија. Дефектите се изолирани и се работи на нивно отстранување. Во оваа прилика АД МЕПСО ги информира граѓаните дека и во текот на вечерва се можни краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија но единствено во насока на сoздавање услови нашите стручни екипи да ги отстранат преостанатите дефекти, соопштија од МЕПСО.

Извор : А1он