ВМРОВСКИ МЕДИСКИ КУРТОНИ ГИ ВОЗНЕМИРИЛЕ РОДИТЕЛИТЕ НА НИКОЛОВСКИ ВО КРИВА ПАЛАНКА!

0
1778

Разни медиумски рекетари и криминалци денес биле пред мојата куќа и ги вознемириле моите родители во Крива Паланка.

Вратата на нашата една и единствена семејна куќа направена 1989 година била и ќе биде отворена секогаш за добронамерници и луѓе на кои им треба поткрепа, помош и поддршка.

Отворена е за сите. Куќа во која од улица се влегува дома. Нема порта, нема ограда, нема ѕидови а нема ниту една камера ниту пак има полиција. Нема ништо. На секое ѕвоно излегува мајка ми и татко ми. Така било а така и ќе биде.

Вратата не сме ја заклучиле никогаш затоа што од ништо не се плашиме и ништо не криеме и затоа што постојано мислиме како да направиме добро дело за секој и за сите. Во нашиот двор секој ден мајка ми прави убаво кафе за секој што ќе се најде на нашиот сокак и во нашиот двор.

Во нашите срца има место за чесни, искрени и одговорни луѓе а за тие што се платени да смислуваат лаги и конструкции има други институции и адреси.

Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Вицепремиер за борба против корупција и одржлив развој