ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ Е ВО ПРЕКИН: МАШИНОВОЗАЧИТЕ ШТРАЈКУВААТ ПОРАДИ НЕИСПЛАТА НА ПЛАТИТЕ ЗА ЈУНИ

0
683

Железничкиот сообраќај од вчера е во прекин поради штрајк на машиновозачите. Треба да се сретнат со менаџментот на претпријатието за да се најде решение за нивните барања.

“Сообраќајот се’ уште е во прекин. Го чекаме состанокот во 11 часот. Ние сме тука и го чекаме менаџерскиот тим” – изјави Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во Железници на Република Северна Македонија- Транспорт.

Машиновозачите бараат да им биде исплатен вториот дел од платата за јуни, а најавуваат дека до Министерството за транспорт и врски ќе испратат допис во кој ќе побараат и исплата на надомест за квалитет.

Штрајкот започна вчера во 16 часот кога беше стопиран товарниот и патничкиот железнички сообраќај.