ОВА Е ГОЛЕМ СРАМ ЗА УЧЕНИЦИТЕ И УЧИЛИШТЕТО – УЧЕНИЧКА СО ДАУНОВ СИНДРОМ ВО ГОСТИВАР БИЛА БОЈКОТИРАНА ОД СОУЧЕНИЦИТЕ КОИ ЈА ПРИНУДИЛЕ ДА УЧИ САМА ВО САЛА

0
1009

За разлика од другите деца, кои учебната година ја започнаа на 1 февруари, 11-годишната Ембла на училиште тргна денеска, но сама. Тоа е затоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотираат наставата под изговор дека Ембла била агресивна кон нивните деца, објави ТВ Клан.

Ембла е дете со посебни потреби – има даунов синдром. Тоа е причината поради којашто родителите на другите деца не сакаат таа да учи со нив.

„Секоја втора недела е во друга училница и треба да се адаптира во нов амбиент со нови школски другари. Едно време се решиле и да ја изолираат од другите ученици и ја принудиле наставата да ја одржува сама во сала. И на крај велат дека станала агресивна…Па кажете ми вие, ако вашето дете е принудено да учи сам во сала, нема да стане агресивен?

Ако ако вашето дете е принудено да го менува класот секои две недели нема да стане агресивен?“,пишува новинарот Фуркан Салиу.