КОВАЧЕВСКИ : НИКОГО НЕМА ДА ЗАБОРАВИМЕ И ДА ОСТАВИМЕ САМ ДА СЕ СПРАВУВА СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА

0
461

Ветивме дека никого нема да заборавиме и да оставиме сам да се справува со последиците од кризата. Мерките што ги носиме, политиките кои ги спроведуваме, грижата за стопанството и граѓаните се со цел да обезбедиме подобар квалитет на живот, сигурност, економски раст, просперитет и развој, истакна премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска присуствуваше на отпочнување на изградбата на социјална населба во Струмица и го посети производствениот погон на компанијата „МАКС”.

Премиерот потенцираше дека во услови на тешка економска и енергетска криза се промовираат добро платени работни места и се создаваат услови за нови инвестиции, дека се враќаат парите кај граѓаните и се обезбедува ликвидност на компаниите кога е најмногу потребно, како што тоа е случај со компанијата „МАКС”.