ВМРО И ОФИЦИЈАЛНО ГО ПРИЗНА ПОРАЗОТ – Симулација на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе има еден пратеник повеќе

0
709

Според обработени 75 отсто од избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ направи симулација за пратенички мандати.

Според нивната симулација СДСМ ќе има еден пратеник повеќе 48, а ВМРО-ДПМНЕ еден помалку, односно 47.

ДУИ ќе има 13, Алијанса за Албанците 10 и Левица едно пратеничко место.

На прес конфренцијата вечерва генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, објави дека СДСМ е во водство од два мандата пред ВМРО-ДПМНЕ.

Според последните објавени резултати од ДИК, намалена е разликата меѓу коалицијата „Можеме“ и ВМРО-ДПМНЕ.

Според ДИК, 36,46 отсто има Коалицијата „Можеме“, 35,38 ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ 10, 84 отсто, 8,44 отсто за Алијанса и Левица 3,98%.

Според досега обработените податоци на ДИК, СДСМ победила во единицата, четворката и во петката. Во двојка и тројка во водство е ВМРО-ДПМНЕ, во шестката победила ДУИ.