МИЦКОСКИ ЗА ИЗБОРОТ НА АБАЗИ : УШТЕ ЕДЕН ПАРТИСКО – ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР НА ВЛАСТА

0
490

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не е импресиониран по изборот на Ислам Абази за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

„Јавна тајна е дека станува збор за уште еден партиско-политички договор во власта. Само исто така е јавна тајна дека таму имало две струи, едните за едниот, другите за другиот, па победил овој“, истакна Мицкоски.