НАРОДОТ НАУЧИ КОЈ СУДИЈА КОЛКАВА ТАРИФА ИМА ЗА КУПУВАЊЕ СООДВЕТНА ПРЕСУДА, А ЏОЛЕВ ЖИВЕЕ ВО ПАРАЛЕЛЕН УНИВЕРЗУМ: МЕДИУМИТЕ СЕ ВИНОВНИ ЗАТОА ШТО КАЈ НАРОДОТ СОЗДАВААТ ПЕРЦЕПЦИЈА ДЕКА СУДИИТЕ СЕ КОРУМПИРАНИ ЛИЦА

0
909

Претседателот на Основниот кривичен суд-Скопје, Иван Џолев ги обвини медиумите дека имаат вина за перцепцијата кај граѓаните дека судството е корумпирано затоа што често пишуваат дека судиите се корумпирани. Слични забелешки редовно се нотираат и во разни извештаи од ЕУ и САД, ама очигледно до судските структури не допираат такви критики за да си расчистат во сопствениот двор.

“Судиите и обвинителите не се корумпирани. Јас сметам дека граѓаните се корумпирани и никој не пишува за тоа. Лично ми приоѓаат да сум им завршел предмет, отворено пројавуваат намера да дадат и бакшиш, не само кај мене, туку и кај други колеги. Ама јас им велам: “Ај ве молам!” Сметам дека за тоа се виновни и медиумите, пишувајќи постојано дека судиите се корумпирани. Практично ги хранат граѓаните со такви информации и ги учат дека на тој начин треба да ја добијат правдата пред судот” – комично изјави судијата Џолев за медиумите на денешната дебата организирана од Антикорупциската комисија.

Судијата Владимир Туфегџиќ од Основниот кривичен суд рече дека тежок проблем за судот е што најголемите корупциски предмети кои беа пред пресуда, се вратија на почеток поради пензионирање на поротник. Предложи да се донесат законски измени на тие поротници да им се продолжи мандатот до завршување на судскиот процес од висок јавен интерес.

Судијата Џолев пак побара судството да се пофали за некакви апстрактни достигнувања кои што не можат да се почувствуваат во реалноста.

“Зошто не се фалиме за тоа колку предмети сме завршиле? Во пандемијата во Грција се беше затворено, немаше судења. Овде не само што имаше, туку Основниот кривичен суд натфрли во бројот на решени предмети во споредба со минатата година. Каде се медиумите да пофалат?” – изјави претседателот на Кривичниот суд, Џолев.

Во реалноста, затворите се преполни со обични луѓе кои немаат пари и моќ за да поткупуваат каде што треба и така да ги одолговлекуваат и да ги враќаат назад судењата на почеток со цел да ги застаруваат.