Рускиот инвеститор „Продис“ стави катанец на фабриката во Бунарџик

0
1019
Затворена влезна капија и спуштени ролетни на чуварската куќичка. Ова е сликата од руската инвестиција во слободната зона Бунарџик. Фабриката на „Продис“ не работеше. Во објектот нема никој, ниту пак има физичко обезбедување. Целиот простор е само под видео надзор. Паркингот е празен. Пред неколку месеци 24 Вести објави дека „Продис“ ја стопирал работата, а вработените дека останале без плата. Директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо соопшти дека засега „Продис“ не го прекршил инвестицискиот договор, пренесува „24 Вести“.
Директорот на ТИРЗ не е запознаен со отпуштањата во административниот центар на турски „Веибо Груп“. Потврди дека нивната инвестиција во слободната зона во Ранковце засега е одложена.
На гости во зоната во Бунарџик денеска беа преставници на неколку странски инвеститори. Се пожалија дека се соочуваат со бирократски и администартивни бариери и постојани измени на законите, но посочуваат дека остануваат на своите бизнис планови. Најавија отварање нови работни места.
Податоците на ТИРЗ покажуваат дека се зголемува учеството на странските инвестиции во извозот. Во фабриките во слободните зони работат над 5000 луѓе.