КОВАЧЕВСКИ ЗА ЛОКАЛНО : ГОРД СУМ ШТО УСПЕАВМЕ ДА ГО ЗАШТИТИМЕ СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ

0
252
Во мојот мандат како премиер, никого не оставивме сам, успеавме да го заштитиме стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите и на тоа сум особено горд, овие политики на грижа за сите и политики кои обезбедуваат повеќе за сите ќе ги продолжам и во вториот мандат по изборите, затоа што тоа е суштината на социјалдемократските политики, вели во интервју за Локално претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
-Имаше многу големи предизвици, многу непознати и нови ситуации, војна која никој не ја очекуваше и која комплетно го смени фокусот и пристапот на работа, но не нѐ одврати од зацртаните цели и пат. Успеавме да го заштитиме стандардот на граѓаните, ликвидноста на компаниите, да создадеме услови за економски развој, за нови и подобро платени работи места, вели Ковачевски.
Покрај сите предизвици, опстоивме на нашите ветувања и спроведување на нашите политики за подобар живот, стандард на граѓаните и раст и развој на компаниите, додава тој.
-Минималната плата денес е 100% зголемена, просечната пензија пак е зголемена за 50% и тие континуирано ќе растат. Просечната плата е над очекувањата и е речиси 39.000 денари – нешто што за многу луѓе беше незамисливо дека ќе се случи само до пред неколку години. Имаме намалување на невработеноста, и денес за прв пат невработеноста е под 13%. Идната година, за прв пат ќе имаме невработеност која ќе биде едноцифрена, а се сеќаваме во 2016 година беше 25% невработеност во државата. Само во една година имаме зголемена вработеност и нови 10.000 вработени во државата, наведува Ковачевски.
Енергетската трансформација на земјата истот така започна во мојот мандат и за на тоа сум исклучително горд, потенцира претседателот на СДСМ.
-До 2016 година, за целиот мандат на претходните сите влади во државата, земјава имаше инсталирано вкупно 16 мегавати обновливи извори на енергија. Од јануари 2022 до крајот на мојот прв мандат издадени се над 600 лиценци за централи за обновливи извори на енергија, со што денес имаме инсталиран капацитет од 600 мегавати обновливи извори на енергија со која се снабдуваат 166.000 семејства. Со овие правилни политики,  ја вративме евтината тарифа на електрична енергија од 13 до 15 часот  со што домаќинствата заштедуваат и до 1.000 денари месечно, вели Ковачевски.
Сето ова Владата која ја предводев го направи во еден контекст на забрзани евроинтеграции, потенцира претседателот на СДСМ
-После 17 години чекање, во мојот мандат ги отпочнавме преговорите со Европската Унија. Неповратно ја зацврстивме и обезбедивме европската перспектива на Северна Македонија, со заштитен македонски идентитет и со признаен македонски јазик во ЕУ, и одредивме патоказ за подобра сегашност и за извесна и просперитетна иднина.  Затоа сметам дека сето ова е чекор напред во вистинскиот правец, и е чекор напред на нашиот зацртан пат на прогресот. Кога се има волја, и со напорна работа, нема недостижна цел. вели претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Локално.