ОД МВР СО ПРЕДЛОГ ,,НМК” ТАБЛИЧКИТЕ ДА СТАНАТ БЕСПЛАТНИ ЗА ГРАЃАНИТЕ

0
213

Министерството за внатрешни работи (МВР) има склучено договор со избраниот економски оператор за нарачка на налепници со кодот NMK и веќе течат роковите за нивна испорака.

МВР дава предлог налепниците да бидат поделени бесплатно за граѓаните на кои ќе им бидат потребни за регистарските таблички.

Од МВР додаваат дека тие ќе бидат дистрибуирани до сите станици за технички прегледи во државата и граѓаните ќе можат да ги подигнат кај референтите за сообраќај каде што вршат регистрација на своите возила.