СКЛАДОТ НА МАКПЕТРОЛ НЕ Е ЗАФАТЕН ОД ПОЖАРИ, БИСЛИМОВСКИ: СНАБДУВАЊЕТО СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА КОЧАНИ Е СТАБИЛИЗИРАНО, ЕТАПНО СЕ ПОВРЗУВААТ НА МРЕЖАТА И ДЕЛОВИ ОД РАНКОВЦЕ И КРАТОВО

0
803

“Испораката на електрична енергија во регионот на Кочани, каде имаше привремено исклучување и прекин во снабдувањето поради пожарите, во најголем дел е стабилна, а во одредени делови од општина Ранковце и општина Кратово напојувањето етапно ќе се нормализира” – изјавија од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Складот на Макпетрол не е зафатен од пожарите и снабдувањето со горива се одвива нормално.

“Од добиените информации во однос на напојувањето со електричната енергија во Кочани можам да соопштам дека во најголем дел испораката е стабилизирана, а се врши етапно приклучување во делови од општините Ранковце и Кратово, екипите на Електродистрибуција се на терен. Складовите со нафтените деривати, каде се и дел од државните резерви, пак, не се зафатени од пожарот” – изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.