(ВИДЕО) Филипче: Веднаш почнавме разговори со Лончар околу техничките детали и времето на испорака на вакцините од Србија

0
869

Веднаш почнавме разговори со српскиот министер за здравство Златибор Лончар околу техничките детали и времето на испорака на вакцините од Србија. Фрижидерите кои ги најавувавме како донација се пристигнати, завршуваат административните постапки околу царинењето.

Но, и сега во овој момент можеме да сместиме вакцини во постојните фрижидери кои ги имавме за друга намена од лабораториите на Институтот за трансфузиона медицина.

Од денеска се враќа во функција одделението за офталмологија при интерните клиники, а од утре и одделението за оториноларингологија.