КОВАЧЕВСКИ ДО МЛАДИТЕ : КРЕНЕТЕ ГО ГЛАСОТ, МОЖЕТЕ ДА РАЗБУДИТЕ НАДЕЖ ВО ЗЕМЈАВА СО ТУРКАЊЕ КОН ЕУ

0
757
Кренете го силно гласот за европска иднина, тоа е глас на младите, гласот за Европа, можете да двахнете надеж во земјата со туркање кон ЕУ, со овие зборови денеска претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ги повика младите на активност и гласност за продолжување на патот кон ЕУ.
-Не смееме да дозволиме младите да бидат жртва на политичари без став, без визија, кои освен својата фотелја и желба за власт не мислат на ништо друго. Не смееме да дозволиме нова изолација, нови бранови иселувања на младите, нови барања за странски пасоши. Ве повикувам на активност и гласност. Кренете го силно гласот за европска иднина сега, тоа е гласот на младите, гласот на иднината, гласот за Европа, рече Ковачевски.
Секоја надеж за подобар животен стандард и подобро владеење на правото зависи од пристапувањето во ЕУ. Единствениот начин да им обезбедиме подобар живот на младите да живеат во европска држава е да продолжиме брзо на патот кон ЕУ. Можеме до 2030 година да успееме, додаде тој.
-Младите се главните кои бараат земјата да продолжи цврсто на патот кон ЕУ и тоа да го направи брзо. Единствените кои можат да вдахнат надеж во земјава се младите луѓе со нивното туркање кон ЕУ. Ако ја пропуштиме оваа можност, ќе пропуштиме уште 10 години. Уште една изгубена деценија. А 10 години денеска се 20 години од утре.  Каква земја ќе бидеме ако заглавиме уште 20 години во место, додека целиот свет, регион продолжи понатаму? Како ќе им погледне на младите во очи секој оној што сега сака да го кочи и блокира европскиот пат? Што ќе им каже после 10 години извинете? Што имаат младите од тоа? Ништо! Единствениот начин да им обезбедиме подобар живот на младите да живеат во европска држава е да продолжиме брзо на патот кон ЕУ. Можеме до 2030 година да успееме, рече Ковачевски.
Во ЕУ ќе бидеме Македонци кои говорат македонски јазик. Никој повеќе не може да не оспорува, да не негира, да не омаловажува. Горди, свои на своето.  Така, на Вас, на младите што доаѓаат ќе им оставиме чист терен, да разговараат за економија, за здравство, образование, за се она што е нормално, додаде тој.
-Некои сили внатре во државата, но и надвор, со ист извор, се обидуваат да го забават или запрат напредокот на нашата држава и европската иднина на вас, младите.  Тоа го прават со лаги, злоупотреби за најчувствителната точка – македонскиот идентитет.  Со тоа нанесуваат огромна штета, токму на нашите идентитетски определби. Вие сте тие кои треба да го кревате гласот, да се спротивставите на секој обид за деструкција, лаги, насилства или тензии, да се спротивставите на обидите да се вратиме во изолација. Не смееме да дозволиме да ја пропуштиме оваа шанса, затоа што никој не знае кога ќе се појави следната. Можеби за 6 години, можеби за 10, но премногу време веќе е изгубено, немаме веќе ниту време ниту генерации за губење. Бидете гласни и истрајни во општеството, рече Ковачевски.
Суштината на вистинската политиката е да создаде и да им остави на младите извесна, сигурна и стабилна иднина, со решени проблеми, да грабаат напред, посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната младинска трибина „Младина, иднина, Европа“ во организација на Социјалдемократската младина на Македонија.