ШОКАНТНО, избирачкиот список со кој Грујо победувал ТОТАЛНО Е ВО АУТ: 156.000 фантомски гласачи кои ги нема во ниедна база, ќе треба да се направи теренска проверка на над 495 илјади гласачи!

0
5674

Вкрстените проверки покажале дека само по основ на луѓе кои ги има во Избирачкиот список, а ги нема во ниту една од другите 10 бази на институциите се повеќе од 156 илјади гласови, дознава неофицијално од експертските извори во ДИК порталот Сакам да кажам. Тоа, според нив се чисто фантомски гласови.

Според резултатите кои ги шокирале членовите на ДИК, ќе треба да се направи теренска проверка на над 495 илјади гласачи. Таа бројка излезе по вкрстената проверка на десетте бази на релевантни државни институции, дознаваме од извори на експертите кои работат на прочистувањето на Избирачкиот список.

Членовите на Државната изборна комисија се расправале дали треба да се гласа за прифаќање на извештајот на експертската комисија според кој скоро половина милион гласачи треба да се бидат предмет на теренска анализа. Неофицијално, членовите на ВМРО-ДПМНЕ ги оспориле резултатите од вкрстувањето на податоците и тие побарале да се гласа за усвојување на извештајот. Другите членови на ДИК спореле дека не може да се гласа за бројки и факти што се добиени со вкрстување на податоци од 10 државни институции, особено што критериумите како ќе се врши проверката на избирачкиот систем биле договорени од работните групи на четирите партии потписнички на договорот од Пржино, објавува порталот Сакам да кажам.