СТАСА ЖИВОТОТ ВО МАКЕДОНИЈА: НЕМА ВЕЌЕ ГОЛЕМИ ПАРИЧНИ КАЗНИ БЕЗ ОПОМЕНА!

0
2112

Максималните казни за граѓаните ќе изнесуваат петстотини евра, а казните за фирмите во прекршочна постапка не смее да надминат илјада евра.

Овие измени се дел во новиот предлог Закон за прекршоци на кој веќе работат повеќе експерти. Главна цел е да се подобри правната заштита на граѓаните, како и да се спречи сегашната пракса со која се изрекуваа огромни казни со десетици илјади евра.

„Прекршоците се многу високи, ги изрекуваат органи на управа без судска пресуда со што се удира врз џебот на граѓаните и нивниот стандард“, кажа Ана Павловска Данева.

Конечно треба да профункционира опомената, наместо директно да се изрекуваат високи казни.

Досега се полнеше буџетот, сега ќе има опомени.

„Голем бенефит за граѓаните и фирмите ќе има кратењето на жалбената постапка, а исто така со поднесувањето на жалба ќе се стопира и извршувањето на казната“.

Новото законско решение до јули ќе биде доставено до влада, а во септември ќе се најде и пред пратениците. До тогаш експертите и јавноста ќе може да се вклучи во носењето на Законот за прекршоци.