„ОД НАДВОР ЈА УНИШТУВААТ СРБИЈА, НЕ ПОРАДИ ВУЧИЌ, ТУКУ ПОРАДИ СРБИЈА“

0
657

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на Инстаграм објави дека Србија е во тешка геополитичка ситуација.

-Некои луѓе од надвор не ја уништуваат Србија поради Вучиќ, туку Вучиќ поради Србија, за нив е важно Србија да биде што е можно послаба, рече Вучиќ.

Тој најави и дека во наредните денови ќе продолжи со посети на различни општини и области во Србија и дека повторно ќе прими граѓани во Претседателството.

Вучиќ синоќа објави уште една видео порака, веднаш по завршувањето на протестот „Србија против насилството“. Во таа порака тој ги повика граѓаните на Србија на обединување, без разлика на разликите.