Ми беше големо задоволство да ја запознаам Стефанија и фамилијата Шишковски од Општина Илинден. Стефанија е млада жена која работи во локален супермаркет. Таа денеска е дома и може да се посвети на семјеството и да се одмори.
Недела неработен ден значи поквалитетен приватен живот, а Стефанија е меѓу работниците кои веќе ги чувствуваат придобвките од овој закон. Тој придонесува работниците да бидат помотивирани, поодморени и поефикасни на работното место.
Секој кој работи напорно за да го поддржи своето семејство, своите деца и да придонесе за државата заслужува најголема почит и поддршка.
За неполни четири години минималната плата ја донесовме од 9.000 до над 15.000 денари. Тоа е повеќе од 6.000 денари месечно по лице, или 72.000 денари повеќе за секој работник годишно.
И ќе продолжи да расте.
Државата ќе биде секогаш тука да ги унапредува правата на работниците, економијата и животниот стандард на граѓаните.
Фејсбук статус на премиерот Димитар Ковачевски.