Мери Николова казнета со 1.710 евра

0
1292

meri_nikolova1

Граѓанската активистка Мери Николова е казнета со 1.710 евра, објави таа на својот Фејсбук профил.

Како што објави Центарњуз, таа била казнета со 510 евра за немање на редарска служба и ленти на рацете, потоа 600 евра за нарушување на јавен ред и мир и со казна од 600 евра наводно за навреди на службено лице.

Николова е активна на протестите против актуелната власт веќе подолг период, а последните денови беше една од организаторките на протестите каде заедно со поголема група граѓани успеаа да издејствуваат владина одлука за собирање потписи за Закон за амнестија на осуденици.

Пред два дена таа беше поканета на информативен разговор во полиција.