КОВАЧЕВСКИ : ГРИЖАТА ЗА ГРИЖАТА ЈА ПОКАЖУВАМЕ СО ДЕЛА – ЗА ПЕТ ГОДИНИ ИЗГРАДЕНИ 76 ДЕТСКИ ГРАДИНКИ СО ОПФАТ ОД ОКОЛУ 5.650 ДЕЦА

0
544

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорот на Канцеларијата на Светска Банка за Северна Македонија и Косово, Масимилиано Паолучи, присуствуваше на отворањето на новата детска градинка „Сонце“ во населбата Волково, општина Ѓорче Петров. Со изградбата на објектот, децата до шест години од Волково, добиваат пристап до квалитетна социјална услуга за ран детски развој во нова градинка, која за првпат е изградена во ова населено место.

„ Изградивме уште еден објект, уште една градинка, која, верувам, ќе донесе многу детски насмевки. Со новата градинка „Сонце“, решаваме еден повеќедецениски проблем за граѓаните од овој дел на градот.Градинката во Волково е изградена според современи стандарди и има капацитет за згрижување на 150 деца. Грижата за нашите деца се наш врвен приоритет. Обезбедуваме континуитет во зацртаното со реализација на нови градинки или доградување на постоечките. Од 2017 година до денес, отворивме 75 градинки со опфат од 5.500 деца, а заедно со оваа, нова градинка, тој број го заокружуваме на вкупно 76, со што се згрижени 5.650 деца“, потенцираше премиерот Ковачевски во своето обраќање пред присутните, заблагодарувајќи се на поддршката од Светската банка во реализацијата на изградба на градинката.

Набројувајќи ги мерките на Владата, премиерот потенцираше дека платите на вработените во јавните установи за предучилишно воспитание и образование во изминатиот период се покачени и најави ново покачување.„ Не ги заборавивме ниту оние вклучени во воспитниот процес, воспитувачките, негувателките. Oд 2017 година досега, давателите на услуги, воспитувачките и негувателките во градинките добија за околу 36% повисока плата. Со новото усогласување во месец март, овој процент ќе достигне нешто помеѓу 45-50% вкупно раст за последните 5 години. Со новото законско покачување кое ќе се случи во месец март и кое очекуваме да порасне за околу 2.500 денари, минималната плата ќе достигне 20.500 денари. Ова предизвикува линеарно зголемување на платите за околу 2.500 денари, на сите вработени во јавните установи за предучилишно воспитание и образование“, истакна премиерот Ковачевски, во своето обраќање.