ПРИВЕДЕН КАВАДАРЧАНЕЦ ЗА ПРЕДИЗВИКАНИОТ ПОЖАР ВО ОХИС СО ЗАВАРУВАЊЕ НА ОГРАДА: ЌЕ БИДЕ ОБВИНЕТ ЗА ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ОПШТА ОПАСНОСТ

0
863

Лицето С.А. (35) од Кавадарци вршело заварување на ограда во кругот на Охис и предизвикало пожар во четвртокот попладне и е приведено.

МВР информираше дека во врска со пожарот во кругот на фабриката Охис во Скопје, во кој беа опожарени покривот и таванот на административната зграда, кат од зградата на лабораторијата, трафостаница, багер, резервоар за вода и магацин за алат, по извршениот увид од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, на службен разговор во полициска станица биле повикани повеќе лица.

“По целосно документирање на случајот против С.А., ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело предизвикување на општа опасност, казниво по член 288 од Кривичниот законик” – се вели во соопштението на МВР.