Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорот на Канцеларијата на Светска Банка за Северна Македонија и Косово, Масимилиано Паолучи, присуствуваше на отворањето на новата детска градинка „Сонце“ во населбата Волково, општина Ѓорче Петров. Со изградбата на објектот, децата до шест години од Волково, добиваат пристап до квалитетна социјална услуга за ран детски развој во нова градинка, која за првпат е изградена во ова населено место.
„ Изградивме уште еден објект, уште една градинка, која, верувам, ќе донесе многу детски насмевки. Со новата градинка „Сонце“, решаваме еден повеќедецениски проблем за граѓаните од овој дел на градот.