Разрешената директорка на градинката „Корчагин“ се соочува со кривична одговорност

0
1180

Zlata-Nikolik-419x320

„Разрешената директорка на јавната установа за деца – детска градинка на општина Центар “Раде Јовчески – Корчагин“, Злата Николиќ, не го враќа печатот на градинката и со него неовластено располага.

Општина Центар ги презема сите дејствија за да стапи во контакт со разрешената директорка и да се изврши примопредавање на должноста со новиот директор, но сите напори се безуспешни.

Gradinka-R.J.-Korchagin

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, до полициската станица Центар-Скопје упати барање за интервенција и преземање на сите мерки кои на полицијата и’ стојат на располагање, со цел да се врати печатот на градинката и да се откријат евентуални, можни злоупотреби на службениот печат, што повлекува кривична одговорност.

Градоначалникот на 11.11.2015 ја разреши директорката Злата Николиќ и за В.Д. директор ја именува Мирјана Василевска. В.Д. директорот има обврска да ги обезбеди печатите со кои неовластено располага разрешената директорката.

Николиќ е разрешена по извршената ревизија, при што се констатирани неправилности кои упатуваат на непочитување на Законот за јавни набавки, како и законската регулатива за материјално-финансиско работење на градинката. За конечниот ревизорски извештај требал да се произнесе управниот одбор на јавната општинска установа, но од дополнителните проверки е констатирано дека на половина и повеќе членови мандатот не им е верификуван од страна на Советот на општина Центар, поради што Управен одбор во таков состав не може да води постапка за утврдување на одговорноста на директорката.

Разрешената директорка Злата Николиќ дозволила со установата да управува нелегитимен орган“, се вели во соопштението на Општина Центар.