ИЗРАЕЛ ПО ГРЕШКА ПОГОДИ ЕГИПЕТСКА ПОЗИЦИЈА, АРМИЈАТА СЕ ИЗВИНУВА

0
343
Израелската армија објави дека по грешка погодила египетски позиции во близина на границата со Газа.Израелската армија соопшти дека еден од нејзините тенкови случајно погодил египетска позиција во близина на границата со Појасот Газа.

„Инцидентот се истражува и се разгледуваат деталите. ИД (Израелските одбранбени сили) жали за инцидентот“, се вели во соопштението, без дополнителни детали.За потсетување, инцидентот се случи попладнево, во близина на граничниот премин Рафах меѓу Египет и Газа, каде се очекува да пристигне хуманитарна помош за жителите на Појасот Газа.