ПЕШЕВА : НАД 5.000 БЕЗДОМНИ КУЧИЊА НА УЛИЦИТЕ НА СКОПЈЕ, САМО ПОЛОВИНА ОД НИВ СТЕРИЛИЗИРАНИ

0
65

Радмила Пешева – Директорка на „Лајка“ / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески
На Меѓународниот ден на домашните миленици 11 април Скопје со околу 5.000 бездомни кучиња. Од нив само половина се стерилизирани. „Слободен печат“ ја праша Радмила Пешева директорката на „Лајка“ има ли начин да се намали бројката на бездомни кучиња во услови кога постојано се носат улични кучиња од други места во Скопје? Одговорот е дека со ограничени капацитети на стационарот од 150 кучиња, единствен излез е вдомувањето на уличните кучиња.

– „Лајка“ во континуитет заловува кучиња и никогаш не сме под 100 кучиња во нашиот стационар. Од последната анализа која ја направивме во текот на зимата околу 5.000 кучиња во моментов има на скопските улици. Од кои само половина се третирани, вакцинирани, стерилизирани и имаат поминато тест за социјализација. Прочистени се од паразити значи го поминале хуманиот третман. Но ние сме единствено вакво претпријатие, имаме заситеност на капацитетот, имаме и финансиски проблеми бидејќи општините не плаќаат за услугите, во моментов имаат долг од 20 милиони денари-вели Пешева.