Заев очекува повеќе од 70.000 гласови од Албанците

0
953

На престојните избори лидерот на СДСМ, Зоран Заев очекува повеќе од 70.000 албански гласови. Во неговото вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“, на Алсат, Заев кажа дека големи очекувања има од Шестата изборна единица, за која ги има следниве проекции:

„Ќе ја земам Шеста изборна единица, или северозападна Македонија. Тука се концентрирани најголем дел од албанските гласови од целиот мултиетнички електорат…ние очекуваме да бидеме првопласирани. Очекувам 6 мандати, можеби ќе бидат 7, калкулациите покажуваат дека имаме право на 7. ДУИ, Алијанса и Алтернатива, како коалиција да поделат по 5 мандати, ВМРО да има 3 и тука да завршиме, или некоја од нив да изгуби па ДПА да има 2 мандати“, прогнозира Заев.