Иванов напладне ќе ги прими Бејли и Орав

0
1221

Претседателот Ѓорге Иванов денеска, околу 12 часот, ќе ги прими амбасадорот на САД, Џес Бејли, и евроамбасадорот Аиво Орав, дознава „Мета“ од дипломатски извори.

Амбасадорите два дена бараат средба и објаснување од Иванов за одлуката за сопирање на сите судски процеси против политичари и нивни соработници, како и помилување на тие што веќе отслужуваат затворска казна. Амбасадорите и меѓународната заедница изразија загриженост поради одлуката на Иванов, истакнувајќи дека со тоа се доведува во прашање владеењето на правото.

Иванов два дена остана глув на барањата на амбасадорите за средба, како и на барањето од Брисел да се појасни неговата одлука, со која истовремено се прекршува Договорот од Пржино.

Претседателот во своето обраќање до јавноста рече дека политичката криза била увезена однадвор и оти Договорот од Пржино не ги дал саканите резултати. Од тие причини, како што истакна, самиот одлучил да даде аболиција и амнестија за да се стави крај на кризата.