Хојт Ји денеска ќе даде оценка за подготовките за избори

0
1152

Заменик помошникот на американскиот државен секретар за Европа и Азија Брајан Хоји Ји денеска ги продолжува средбите со највисоките државни претставници во земјава.

Се очекува во текот на денот тој дводневната посета на Македонија, посветена на политичката криза и испонувањето на Договорот од Пржино да ја заокружи со оценка за подготовките за претстојните избори.

За денеска се закажани средби на виисокоти претставник на Стејт департментот со премиерот Емил Димитриев и со министерот за правда Аднан Јашари, како и со претставници на СДСМ.

Вчера Хојт Ји разговараше со Јавниот обвинител Марко Зврлевски, со лидерите на
ДУИ и ДПА Ахмети и Тачи и со претставници на ВМРО ДПМНЕ.