ВМРО-ДПМНЕ : ЛАЖНА ВЕСТ НА СДС Е ДЕКА ГАЗИ БАБА Е ЗАДОЛЖЕНА, СТЕФКОВСКИ ЗА 2 ГОДИНИ НАПРАВИ МНОГУ ПОВЕЌЕ ЗА ОПШТИНАТА ОД СИТЕ ГОДИНИ ВЛАСТ НА СДС-ДУИ

0
306

Почитувани,

Лажна вест на СДС е дека Општина Гази Баба е во долгови. Тоа само покажува дека СДС ја лаже јавноста само колку да се рече дека има некаква критика.

А кога веќе зборуваат за развој добро е да одговорат зошто Владата на СДС и ДУИ ја закочија општинската обврзница.

Обврзницата за брз развој на општината е всушност наменета за капитални проекти кои претходниот градоначалник на СДС Борче Георгиевски ниту ги планираше, ниту ги започна. Тоа значи дека СДС директно кочи градба на градинки, училишта, водоводи и канализации.

Наспроти неинвентивноста на СДС, во тешки услови на блокада и немање на поддршка од Централната власт, Општината Гази Баба и градоначалникот Стефковски реализираа или започнаа со реализација за само две години на нови 420 проекти за граѓаните. Изградена е нова мрежа на фекална канализација во должина од 21 километар. Нема населено место во општина Гази Баба кое нема питка вода за пиење.

Асфалтирани се локални улици на површина од 29.000 метри квадратни. Изградени се 18 спортски терени на најсовремена тартан подлога во Ченто, Гоце Делчев, Автокоманда, Кирил Петрушевски, Керамидница, Колонија, Триангла, Идризово и други населени места. Изградени се 4 спортски терени на подлога од вештачка трева во Стајковци, Инџиково, Страчинци и Автокоманда. Поставени се 3 фитнес зони на отворено во Триангла, Керамидница и Колонија“.

Инвестирани се 43.000.000 денари во општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба.

За само две години Бобан Стефковски за Гази Баба направи многу повеќе од 4 години претходна локална власт на СДС, и 7 години централна власт СДС-ДУИ.

И сосема на крај, кога СДС говори за платите на функциинерите, тие се покачија преку одлука на Уставниот суд на Кацарска, и беа поздравени од централната власт на Ковачевски кој иако вети корекција, ја излажа јавноста.

И само за споредба Ковачевски зема плата од над 2500 евра, а на пензионерите и студентите им дава по 1000 денари. Градоначалникот на СДС во Центар зема 1500 евра, а општината се дави во смет и кал.