ОД 1 ЈУЛИ МОЖЕ ДА БИРАМЕ ВО КОЈА ЗЕМЈА ЌЕ РАБОТИМЕ — ПОЧНУВА ДА ФУНКЦИОНИРА ПАЗАРОТ НА ТРУД НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

0
1110

Претседателот на Стопанската комора на Србија рече дека постои јасен правен модел и примери како другите европски земји станале членки на единствениот европски пазар и посочи дека од клучно значење е да се започне нова комуникација и динамика на разговори со ЕУ.Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж, говорејќи за иницијативата Отворен Балкан истакна дека од 1 јули ќе почне да функционира отворениот пазар на труд меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија, што ќе им овозможи на граѓаните на овие земји слободно да се вработуваат во овие три земји во корист на компаниите и економиите на членките на Иницијативата, јави дописникот на МИА од Белград.

Чадеж на ТВ Пинк изјави дека саемот на вино во Белград „Винска визија на Отворениот Балкан“ и саемот на вино „ВинИтали“ во Верона беа одлични можности за промоција на регионот и на нови деловни зделки.

– Важно е ние да соработуваме во регионот, но и да разговараме многу активно со ЕУ за што поскоро да добиеме влез на единствениот европски пазар и да ги уживаме четирите слободи. Тоа не е само прашање на нашиот економски опстанок, туку и европско безбедносно прашање, консолидација на ресурсите, идни иновации … – рече Чадеж, се наведува во соопштението на ПКС.

Тој додаде дека постои јасен правен модел и примери како другите европски земји станале членки на единствениот европски пазар и посочи дека од клучно значење е да се започне нова комуникација и динамика на разговори со ЕУ.
-Единствен пазар што е можно поскоро, четирите слободи што е можно поскоро, српската економија и граѓаните на Србија во структурите на Европа што е можно поскоро, рече Чадеж.