(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ХОРОР ВО БУТЕЛ : Детската градинка 11 Октомври со затворски услови

0
3570

Револтирани родители од страшната слика на градинката “11 Октомври” во Скопје-Север, реагираат поради начинот на функсионирање на градинката во општина Бутел и бараат од надлежните органи да преземаат мерки додека не се земат предвид нивните барања.

12196018_10153384919223732_7151377554432304162_n

Тие велат дека градинките се места каде што нивните деца ги преземаат првите чекори на развој, покрај лошите услови во групи не можат да се спроведуваат активности во стандардни услови поради преголемиот број деца, што надминува речиси 50% од бројот дозволен со закон.

За овој случај треба да се покрене иницијатива за отворање нови групи или тие да се системираат според условите во градинката. Тие велат дека секогаш кога сакале да се сретнат со директорката, немале можност затоа што таа или не била присутна во својата канцеларија или ги упатувала кај “раководителките”, кои немат никаква надлежност. Тие биле принудени да ги објаваат ужасните слики и јавно да го кренат гласот против неправдата што ја предизвикува оваа инсититуција.

Во градинката “11 Октомври” има толку многу неправилности и неправди што и родител што нема свое дете во градинката би реагирал, а да не зборуваме за фактот дека децата ни се таму. Иницијативата и намерата што ја прелеа чашата за да го кренат својот глас е поради преголемиот број деца во групи без разлика на нивната припадност. Ние само бараме децата да бидат во нормални услови и ништо повеќе, без да се навлегува во безбројни детали. Намерата на иницијатива е јасна и чиста, сакаме нормални услови за секое дете во таа градинка, амбиентални и професионални, а не децата да се третираат како животни што е резултат на нашата небрежност.

Ние родителите сме виновни што досега молчевме, да даде Господ да се освестиме и заедно да преземеме конкретни чекори во овој правец.- велат загрижените родители од оваа градинка која се наоѓа во Општина Бутел.

12195858_10153384912518732_7073753031114304839_n 12189014_10153384919253732_9143230372499454494_n 12235115_10153384919308732_7233411588137265577_n 10999401_10153384919348732_4164154425350378847_n12191794_10153384912568732_9202378051983243123_n